Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

Објавил: Сара Фемина | 21 септември, 2019 15:34

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се поголеми количества дрога и оружје.

Во текот на вчерашниот ден, како што информира Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при Министерство за внатрешни работи, од страна на Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, сите осум сектори за внатрешни работи во државата во соработка со Одделот за специјални полициски операции и во координација со основните јавни обвинителства била спроведена координирана полициска акција со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на цела Македонија, пишува Алсат.

Таа истакна дека по претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности со наредба од судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден биле реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови на дури 54 различни локации, додека пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајденото оружје се веќе предадени на вештачење.

– Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана, над 500 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, хероин, хашишово масло, околу две илјади милилитри метадон, околу 200 парчиња таблети МДМА и екстази. Покрај ова, одземени се три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба кашикара, 56 куршуми од различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл, рече Прањиќ Талевска.
За овие кривични дела, како што истакна, поднесени се 30 кривични пријави против 36 лица, од кои во 18 е одредена мерка притвор и една мерка на претпазливост, додека за едно лице е распишан и централен распис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...