Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката за кардиохиругија денеска во 10 часот пристигнала пријава дека поранешниот директор на кардиохирургија, доктор Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.
Во соопштението, уште се наведува дека и тој самиот отишол во полициска станица и го пријавил случајот.
За „Фокус“ проф. др Јовев кој е посочен и во пријавата во полиција и во соопштението на Министерството за здравство дека е напаѓачот тврди сосема спротивно.
„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападаот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален налад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас.
Се друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, истакна карддиохирургот Јовев за „Фокус“
Нема физички контакт ниту од моја ниту од негова страна. Само што јас се удрив случајно од неговите лупи, но тој не ни замавна да ме удри. Ние вербално се расправавме. И бидејќи вербално се расправавме, тој прв ми рече на висок тон ,,Овде пред мене застани”. И кога му се приближив и почнав да викам, почна да извикува ,,полиција, полиција”. Ни на крај памет не ни беше да се тепаме. Тогаш јас излегов и заминав во полиција и пријавив вербален напад и мобинг од негова страна врз мене. Како може јас да одам да пријавам дека јас сум го натепал него? Тоа е нонсенс. Пријавив дека јас сум вербално нападнат и дека сум под мобинг цело време, изјави доктор Јовев.
Срамно е да го зборувам тоа, што се едно дете му прави на професор. Од првиот ден кога стана директор почна да се однесува така кон мене. А пред тоа ќутеше како учениче, што и е, споредено со мене, посочи доктор Јовев.
Доктор Марјан Шокаровски за Нова Македонија изјави дека во интерес на истрагата не сака да коментира за денешниот настан кој се случи на Клиниката за кардиохирургија.
Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.