ДУИ побара одговорност од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по серијата приведувања за инцидентите што се случија на прославата на Денот на албанското знаме.
Министерот Тошковски не беше изненаден од барањето, велејќи дека најголемиот дел од приведените лица на социјалните мрежи имаат стотици фотографии со функционери на ДУИ. Тој го оцени барањето како „легитимно, но срамно“.
Интерпелацијата која што ја најавува ДУИ ќе биде втора во новиот парламентарен состав, откако не успеа таа за претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДС се обидуваат да предизвикаат конфликт и раздор, за да го дефокусираат вниманието од криминалите што ги направиле.
ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека владата ќе се бори против криминалот и ќе продолжи да ја зголемува безбедноста на граѓаните.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.