Партиски реакции

Објавил: Калина Мартинска | 8 август, 2024 13:17

ДУИ бара меѓународен ветинг за секој политичар, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Никој не верува дека немарите ви се сикрени!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониторира ветинг.

Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија.

Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност конборбата против корупцијата.

Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост.

Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“, се вели во соопштението на ДУИ.

Митева: Никој не им верува на ДУИ дека се искрени внамерите за ветинг, тие само сакаат да си го сокријат криминалот

Поминаа три дена и ДУИ сѐ уште не сака да го слушне одговорот кој веќе го упативме. Сметаме дека ДУИ сѐ уште живее во меурот од сапуница создаден поради нивната корумпираност и нивните подложни на корупција партнери од СДС и дека не се свесни дека на ваков начин и со вакви површни и очигледно очајни обиди на сите им е кристално јасно дека сакаат да си го кријат криминалот, но нема да успеат. Ниту, пак, некој ќе им верува дека намерите им се искрени ниту, пак тие самите си веруваат, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повторуваме дека ова е маневар на ДУИ и СДС за да можат секоја постапка која би се отворила против член на нивното раководство да ја претстават како партиска пресметка и да убедуваат луѓе, нивни симпатизери да протестираат поради тоа што тие се наводно репресирани. Затоа наместо вакви детски игри, кои им поминувале кај нивмите измеќари од СДС, ние велиме дека оваа држава има закони за сѐ: за ветинг, за потекло на имот, за злоупотреба на службената положба, за перење пари и трговија со влијание и за се што во една демократска држава треба да има закони. Законите треба да се почитуваат, а не се почитувале до сега односно токму ДУИ и СДС ги злоупотребувале не само за партиски пресметки туку и со изигрување за нивно богатење, рече таа.

Митева порача дека правда доаѓа за сите.

-Не треба да се измислува топла вода туку да се почитуваат законите вклучително кривичниот кој ДУИ и СДС за да се спасат сакаа, но не целосно го изменија. Правда доаѓа. За сите. Без разлика на партиска, етничка или верска припадност. А кој се огрешил пред законот и ги излажал и ограбил граѓаните има право да се плаши иако тоа нема да помогне многу, истакна Митева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.