Од ДУИ бараат од опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со КОВИД-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет.

Објавил: Владо Марин | 14 октомври, 2020 13:42

ДУИ БАРА СОБРАНИСКИТЕ СЕДНИЦИ ДА СЕ ОДРЖУВААТ И ОНЛАЈН ЗА ДА НЕ СЕ МАЛТРЕТИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ СО КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©sdk

ДУИ бара собраниските седници да се одржуваат и онлајн и во таа насока велат дека Собранието да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот за да се прецизира што значи зборот присуство на пратеници, без разлика дали е физичко или онлајн присуство.

Од владејачката партија апелираат до опозицијата да го разгледа нивниот предлог, за како што велат, да се заштити здравјето на пратениците и собраниската администрација и истовремено да не се блокираат важните процеси за земјата.

Во сегашната регулатива на Собранието стои зборот ‘присуство’. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од КОВИД-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се вели во партиското соопштение.

Од ДУИ бараат од опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со КОВИД-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести