Да потсетиме дека од 2014 година кога минималната плата беше само 8.800 денари, како резултат на политиките на добро владеење денес таа бележи двојно зголемување, што ја прави нашата земја лидер меѓу европските земји со учество на минималната плата во просечната плата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2022 15:23

ДУИ: Двојното зголемување на минималната плата е вистинскиот пат за повисок животен стандард

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Сојузот на Синдикати на Македонија и работодавачите за зголемување на минималната плата од 15 140 денари на 18 000 денари, со која ќе бидат опфатени околу 80 000 работници од различни сектори на пазарот на трудот во нашата земја.

Сметаме дека усвојувањето на оваа економска мерка, која ќе почне да се применува на почетокот на Април, е соодветен одговор за подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на светска економска криза и поттикнуваме продолжување на овој пат на унапредување на економскиот стандард преку натамошно зголемување на платите.

Да потсетиме дека од 2014 година кога минималната плата беше само 8.800 денари, како резултат на политиките на добро владеење денес таа бележи двојно зголемување, што ја прави нашата земја лидер меѓу европските земји со учество на минималната плата во просечната плата.

Демократската Унија за Интеграција со сите свои кадровски капацитети останува целосно посветена на спроведувањето на мерките на економски развој, за продлабочување на соработката со синдикатите во земјата во одбрана на правата на работниците, како и со работодавачите за стимулирање на нивната продуктивност и со постојана поддршка на нивниот успех.

Демократска Унија за Интеграција

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести