Од извори во МНР дознаваме дека во последните 2 недели се водат интензивни преговори за пополнување на дел од празните амбасади, чив број е преголем.

Објавил: Македонка Димкин | 5 октомври, 2019 8:10

ДУИ добива амбасадор во Вашингтон!

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Од извори во МНР дознаваме дека во последните 2 недели се водат интензивни преговори за пополнување на дел од празните амбасади, чив број е преголем. Дури 25 амбасади во моментов се без амбасадори, вклучувајќи ги тука и Вашингтон, Пекинг, Обединетите нации, Рим, Белград, Атина и многу други битни дестинации. Главната битка во владината коалиција се води околу тоа кој ќе ја добие најважната амбасадорка позиција во македонската дипломатија, шеф на ДКП во Вашингтон.

Во разговорите меѓу Ахмети и Заев, албанскиот коалиционен партнер инсистирал на тоа место да биде испратен кадар на ДУИ. Но, и министерот Димитров имал интерес за свој човек во главниот град на САД.

Засега три имиња се во игра за амбасадор во Вашингтон, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи (ДУИ), професорот Фрчкоски (по предлог на Пендаровски) и дипломатот Паскал Стојчевски, како предлог на Димитров.

Нашиот извор тврди дека фаворитот на ДУИ, Теута Арифи, засега има најголеми шанси да ја претставува Македонија во Америка.

Другите договорени позиции се Рим и Обединетите нации. За амбасадор во Рим ќе биде упатен Рами Реџепи, дипломат од МНР, близок до ДУИ, кој порано беше амбасадор во Сараево. За шеф на амбасадата при Обединетите нации во Њу Јорк договорено е да замине Емил Кирјаз, кадар на ЛДП, поранешен државен секретар во МНР во времето на Илинка Митрева. Кирјаз би бил и првиот македонски амбасадор кој е активен поддржувач на ЛГБТ заедницата во Македонија, како и на ниво меѓународната асоцијација на либерали.

Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон е лоцирана во историската област Шеридан-Калорама, во куќа позната под името Куќата на Моузес. Тoa е најстарата куќа во соседството, проектирана во стилот на Кралицата Ана, од еден од најпознатите архитекти во неговото време – Томас Френклин Шнајдер и изградена во 1893 година како живеалиште на В. Х. Моузес, сопственик на позната продавница за мебел и килими. Во 1925 куќата е реконстуирана во сегашниот нео-класичен изглед. Куќата на 2129 Вајоминг Авенијата е симбол на еден живот и ера во Вашингтон ДЦ. Со овој историски имот започна трансформацијата на Шеридан-Калорама од рурална шума во едно од најелитните места за живеење во главниот град на САД. Куќата служела како францускa Aмбасада и Kанцеларија за врски од 1940 до 1984 год. Интересна приказна во врска со оваа куќа е содржана во книгата бестселер на Даниел Стил “Преоѓања”, околу случувањата пред Втората светска војна, во врска со францускиот Амбасадор кој во тоа време живеел и работел во неа. Од напуштањето на објектот од страна на француската Амбасада, тој останува празен и зградата физички пропаѓа, губејќи го раскошот. Тоа се смени кога куќата беше купена од страна на Република Македонијa за да служи како Амбасада и резиденција на Амбасадорот.

За амбасадор во Тирана ќе биде предложен Данчо Марковски од НСДП, кој беше амбасадор во Загреб во времето на Груевски.
За амбасадата во Хаг, доколку Димитров не успее да го протне во Вашингтон, ќе биде предложен неговиот шеф на кабинет Паскал Стојчевски, кој во времето на Груевски беше амбасадор во Прага.

Се слуша дека Претседателот Пендаровски не бил согласен амбасадорот Паскал Стојчевски да оди во Вашингтон, токму заради неговите фамилијарни конекции со семејството на Орце Камчев.

Исто и за Пекинг има спор меѓу Димитров и Пендаровски околу предлогот на министерот таму да ја испрати Елизабета Георгиева од МНР, но претседателот утврдил нејзин конфликт на интереси поради сопругот кој е висок дипломат на друга држава исто така во Пекинг. За тоа кој ќе биде амбасадор во Кина се очекува да пресече Заев, кој има свој адут од стопанската фела за тоа место.
За амбасадор во Стразбург при Советот на Европа има двајца сериозни кандидати од МНР, дипломатите Светлана Гелева и Сашко Тодоровски, првата поблиска со министерот Димитров, додека Тодоровски е поблизок со Виктор Димовски, поранешниот државен секретар на МНР.
За испразнетото место државен секретар во МНР се спо енува името на Васко Грков, поранешен генерален конзул во Минхен, а политички близок до кавадаречкиот пратеник Панчо Минов, кој делува како независен.
За празното амбасадорско столче во НАТО, најсериозен кандидат е Катерина Ставревска, шеф на кабинет на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и активен член на ОО на СДСМ во Центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

ГРУЕВСКИ: Заев е криминоген и неспособен марионетски премиер, со изборите тој бара “сламка за спас”

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот...

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат...

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време,...

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски...