ДУИ и СДСМ со денови наназад разменуваат остри изјави за етничките тензији и политичката ситуација во Македонија.
Во соопштение до јавноста, ДУИ обвини дека СДСМ се користи со “албанофобија” како политичка стратегија, ставајќи ги Албанците како егзистенцијална закана за Македонците.
Од партијата тврдат дека македонските партии ја манипулираат јавноста, создавајќи страв од Албанците, додека реалната закана доаѓа од оние кои ја негираат идентитетската суштина на државата.
СДСМ, пак, ги обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поттикнување на етнички тензији, истакнувајќи дека неговите националистички реторики се опасни за мултиетничкото општество.
Тие нагласуваат дека СДСМ е партија која се залага за мир и соживот меѓу етничките заедници и ги осудува сите националистички тенденции.
Во ставот на СДСМ се изнесува и дека иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се јавни политички ривали, нивната неформална соработка продолжува да се поттикнува.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.