Партијата од Мала Речица

Објавил: Калина Мартинска | 16 февруари, 2025 18:59

ДУИ обвинува: Албанскиот јазик се отстранува од таблите на патарината Глумово

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со реакција за, како што велат, отстранување на албанскиот јазик од таблите кај патарината Глумово.

„Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најостро ја осудува замената на комуникациските знаци на автопатот Скопје – Тетово, поточно кај наплатната рампа во Глумово, од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Таблите на албански јазик се заменуваат со табли на македонски и други странски јазици, со што албанскиот јазик се отстранува од сообраќајните знаци.

Оваа промена е сериозен удар за употребата на албанскиот јазик во Македонија и флагрантно кршење на Законот за употреба на јазиците.

Овој опасен и нисок обид за непочитување на Законот за употреба на јазиците и оваа тенденција за негирање на албанскиот јазик е во целосна спротивност со Уставот, Охридскиот договор, законите и вредностите на демократијата и еднаквоста, кои се основи за мирот и стабилноста во земјата.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) смета дека неспособноста на изборните губитници и слугите на ВМРО од редовите на ВРЕДИ ги враќа Албанците во 90-тите во однос на националните права и еднаквост.

ДУИ ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на оваа неправедна одлука и да ги заштити правата на Албанците во Македонија.“, велат од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.