Африм Аручи, носител на листата за советници од ДУИ, во обраќањето пред општинската зграда посочи дека сметот е собран во различни делови.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 септември, 2021 6:45

ДУИ остави кеси со смет пред Oпштина Гостивар

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Претставници на локалниот огранок на ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам” оставија десетици ќеси со отпад пред Општина Гостивар, во знак на револт и незадоволство од, како што велат, хигиената во Гостивар.

Африм Аручи, носител на листата за советници од ДУИ, во обраќањето пред општинската зграда посочи дека сметот е собран во различни делови.

Нашите членови денес излегоа на терен и ја завршија работата која е обврска на локалните власти. Ги исчистивме населбите од ѓубре, бидејќи овие четири години чистотата во градот е под секое ниво и без институционална грижа. Тука за да ѝ дадеме до знаење на јавноста дека пред четири години Таравари зборуваше за чист град, а денес секој агол од градот е полн со ѓубре – рече Аручи.

Градоначалникот Арбен Таравари, пак, посочи дека станува збор за предизборна активност која е упатена на погрешна адреса.

За депонијата треба да протестираат пред Министерството за екологија, бидејќи таму уште не е завршена работата до крај. Но, навикнати се да го обвинуваат Таравари за се. Па така јас сум виновен и за многуте казина во градот, во Струга, во Чаир, за неизградената болница во Кичево па дури очекувам да ме прогласат за виновен и за неизградените автопатишта кон Блаце и Охрид. Убеден сум дека на 17 октомври ќе го добијат одговорот од граѓаните – рече Таравари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

-Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Мицкоски: СДСМ и ДУИ почнаа очи да си вадат по улици

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Илинден ги прозва...

Причината за 14 загубени животи се најде во прегреаниот продолжен кабел, но сеуште не се лоцираат виновници. Опозицијата бара разрешување на Филипче и Хасани на итна собраниска седница.

ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СВИКУВАЊЕ НА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО

Додека министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, од страна...

Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво.

СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите

Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Сите анкети од релевантни институции спроведени...