Инаку, Ахмети денеска најави „големо изненадување“ кое ќе се открие на 5-ти јуни, кога впрочем е роденденот на ДУИ. Патем, ваквата најава коинцидираше со билбордите со зелена боја на која осамна пораката дека „Нешто големо доаѓа“.

Објавил: Владо Марин | 3 јуни, 2021 8:15

ДУИ почна да бира кандидати за градоначалници, неизвесност за Чаир и Струга

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Актуелниот градоначалник на Липково од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, е прв кој доби поддршка за уште кандидатура на претстојните локални избори. Како што порача партискиот лидер Али Ахмети при денешната посета во Липково, Генералниот совет на интегративците ќе го номинира Арифи за уште еден мандат, бидејќи, рече Ахмети, тој има едногласната поддршка од сите локални совети, ограноци и граѓани, пишува Фокус!

Покрај тоа, според извори на Фокус, албанската владејачка партија ќе истрча со актуелните кандидати за градоначалници во речиси сите рурални општини со кои раководи изминативе години. Притоа, соговорници на Фокус велат дека пресечено е да нема промена ниту во Тетово, каде Теута Арифи ќе биде кандидирана за уште еден четиригодишен мандат.

Во врска со Гостивар пак, неофицијално Фокус дознава дека ДУИ ќе истрча со поранешниот градоначалник во два мандати Невзат Бејта. Како што е познато, после првиот мандат тој претрпе пораз од Руфи Османи, но само 4 години подоцна пак се врати на чело на општината. Потоа, Бејта загуби од актуелниот градоначалник од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој, според досегашните анкети, е фаворит за уште еден мандат.

Висок функционер на ДУИ посочува дека постои одредена неизвесност во Чаир, каде најголеми шанси за кандидатура има актуелниот градоначалник Висар Ганиу, меѓутоа во конкуренција е и директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ Ардијан Муча. Сепак, за разврската во оваа општина големо влијание ќе имаат внатрешните состојби и релации во чаирскиот огранок, чиј предводник Изет Меџити е во конфликт со вицепремиерот Артан Груби и министерот Бујар Османи.

Исто така, упатените додаваат дека партиското раководство сака да номинира друг кандидат за градоначалник на Струга на местото на Рамиз Мерко, кој во неколку наврати дојде во конфликт со Владата, а во една прилика и премиерот Зоран Заевизрази каење што партијата го поддржала. Со оглед дека ДУИ и СДСМ речиси сигурно ќе настапат со здружени сили на изборите, малку веројатно е Мерко да добие поддршка за уште еден мандат.

Инаку, Ахмети денеска најави „големо изненадување“ кое ќе се открие на 5-ти јуни, кога впрочем е роденденот на ДУИ. Патем, ваквата најава коинцидираше со билбордите со зелена боја на која осамна пораката дека „Нешто големо доаѓа“.

Иако многумина тоа го протолкуваа како најава за зелена кампања, сепак, од Мала Речица коментираат дека станува збор за нешто друго, што, според нив, треба да го постигне ефектот на платформата за премиер-Албанец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Новиот ИТ-центар во Аеродром, ќе им овозможи на повеќе од 1000 млади граѓани годишно да добијат пристап до стручни обуки во ИКТ секторот, а во рамките на надлежностите, Градот Скопје ќе ги поддржи малите и средните претпријатија во креирање дигитални решенија како што се е-трговија, развој на услуги за испорака базирани на апликации.

Скопје ќе биде град на дигитални можности

Скопје ќе биде град на дигитални можности! Граѓаните во секое време ќе можат да проверат...

Потребни ни се ефикасни и целосни, а не половични решенија. Да почнеме да ги менуваме работите, за наше Скопје, за модерно Скопје, вели Арсовска!

Арсовска: Мора да има системски решенија за загадувањето

На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Скопје не е...