Македонија
Вести
Како се доближува датумот за седницата за Законот за јазиците, се нижат заканите од ДУИ..
Нови пораки и закани од интегративците. Не може да има стабилност во државата доколку се чепне Законот за јазиците, порачува организацискиот секретар на ДУИ и пратеник Блерим Беџети. Прашан дали се можни немири не одговори конкрено, но иако тврди дека ДУИ не погдготвувале бојкот на локалните избори наесен, сепак најавува дека одлуката на Уставен за Законот за јазиците ќе предизвикала политичка криза, во која изборниот процес нема да можел да се одржи. Во интервјто за РСЕ Беџети вели дека надминување на состојбата гледа во предвремени парламентарни избори и повлекување на иницијативата за Законот за употреба на јазиците.
„Секако дека ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците. Загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува. Меѓу 13-те политички субјекти што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот да ускратат права на втората етничка заедница. Мислам дека тоа е јасно, кон што води“.
Ваквите пораки упатени од интегративците според СДСМ не одат во прилог за граѓаните и сметаат дека ДУИ треба да престане со ваквата реторика, а Уставниот суд да работи без политики притисоци.
„ДУИ треба да престане со етничките теми и со реториката за предизвикување на кризи во јавноста. Тоа не оди во прилог никому. Уставниот суд треба да си биде независна институција која терба да ги носи одлуките независно и без никакви политички влијанија“
Закани за далбока политика криза и можен бојкот на изборите доколку Уставен го укине Законот за јазиците изминатите денови упатија и Ахмети и Османи, а нив премиерот Мицкоски пред некој ден ги оцени како директно мешање во правосудниот систем и порача дека предизвикале разочараност кај меѓународната зедница.
„Дел од нив рекоа дека лично разговарале со ДУИ и дека ова кај нив предизвикало многу негативни емоции и големо разочарување, бидејќи еден од основните постулати во демократијата е немешање во правниот поредок на една суверена демократска држава. Тоа не може да бидат услови и начин за водење политика, се знае кои демократски услови треба да бидат исполнети за време на еден изборен процес“.
Пред два дена и токму во пресрет на седницата на Уставен за Законот за јазиците судот го посети и амриканската амбасадорка Агелер, која им порачала на уставните судии да оддолеат на било какви политички влијанија и притисоци и кога ќе влезат на седниците да бидат само судии и да ги остават настрана останатите улоги. Подготвителната седница за Законот за јазиците Уставен ќе ја одржи на 20 март, ќе се пренесува во живо и на неа ќе присуствуваат 15 ескепрти, меѓу кои и претставник од Венецијанската комисија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.