Дуковски вели дека Боки имал страшни болки предизвикани биејќи како што вели имал дупка во желудник. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 12:00

Дуковски: Бојан Јовановски имаше страшни болки, да се задоцнело со операција ќе добиел сепса!

Фото/Текст извор: ©а1 он

Само што бил донесен од затвор во старата градска болница, Бојан Јовановски веднаш бил ставен на програм за операција, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски за „А1он“ и додал дека неговиот клиент бил донесен со страшни болки.

Дуковски вели дека Боки имал страшни болки предизвикани биејќи како што вели имал дупка во желудник. 

„Мене ми јавија дека тој бил донесен во старата градска болница, а мојата канцеларија е преку улица. Отидов да видам што се случува, а Бојан викаше во чекална, урлаше. Имаше страшни болки. Сега е опериран. Јас не можам да ви кажам детални информации, но ќе ви пренесам што лекарот им кажал на семејството. Констатирано е дека има дупка во желудник, а дали му прснал чир или нешто, не знам. Од прснатиот желудник, течноста му се слевала во стомакот. Да не бил вчера опериран, ќе настанела сепса. Лекарот рекол дека ако не се оперира, вака може да живее уште осум саати“, вели Дуковски.

Во затворот пак, пред да биде пренесен во болница, двапати била повикана Брза помош.

„Имало коректен командир кој дозволил да биде пренесен во болница, откако на тоа укажале лицата од Брзата помош. Анестезијата беше направена со целосна анестезија. Јас имам 50 медицински белешки, а на сите пишува дека треба да има хигиено-диететски режим. Имаме 100 жалби за укинување на притвор. Викаа, тој режим можело да се спроведе во затворот. Еве колку може“, додава Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хоти на средби со Ахмети и со Џафери: Македонските компромиси со Грција и со Бугарија да бидат референтна точка за дијалогот Белград – Приштина

Ахмети, Компромисите на Македонија требало да бидат бенчмарк, ајде мајката?

Косовскиот премиер упатил честитки за значајните промени, исклучителните реформи...

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси...

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе...