Имено Боки побарал да биде пуштен во домашен притвор поради здравствената состојба во која се наоѓа, а како главни причини ги посочил, несоодветните хигиенски услови во затворот Шутка каде се наоѓа во моментот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 16:49

Дуковски: Поради дијагностицираниот канцер поднесовме барање за замена на мерката притвор на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото јавно.мк

Адвокатот на првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски денеска за медиумите изјави дека Боки 13 кој вчера на судењето изјави дека му е дијагностициран канцер на желудникот, поднел барање за замена на мерката притвор.

Боки 13 на вчерашното судење за случајот Рекет, во кој тој е првоосомничен рече дека има канцер на желудник. Адвокатото Сашо Дуковски вчера пред новинарите ја покажа документацијата со која се потврдува новата здравствена состојба на Боки.

Имено Боки побарал да биде пуштен во домашен притвор поради здравствената состојба во која се наоѓа, а како главни причини ги посочил, несоодветните хигиенски услови во затворот Шутка каде се наоѓа во моментот.

– Поднесовме ново барање до Кривичниот совет на Основниот суд – Скопје за преиспитување на постоењето на околностите за понатамошно задржување на обвинетиот во ефективен притвор. Притоа ги дадовме последната дијагноза и медицински извештај, кои датираат од 4 февруари. Тоа се нашите аргументи за укинување на притворот, изјави адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски.

Посочи дека постапката за укинување на притвор е итна постапка и очекува во текот на следната недела да се одлучи.

Иако Боки 13 претходно најави дека доколку при прегледите во 8-ми Септември, се докаже дека тој има канцер на желудникот ќе поднесе тужба против приватната клиника „Систина“, сепак Сашо Дуковски вели дека таква тужба не е поднесена. 

– Ќе следат правни поднесоци во тој правец, не заради ова што се кажува, туку блиску до тоа. Затоа што се работи за некоја операција која што при консултација со врвни експерти од таа област е констатирано дека не е изведена според правилата на струката. Тоа го велат луѓе кои изведувале илјадници такви операции и во тој правец би следела евентуална постапка, изјави Дуковски. 

Инаку денеска беше одложено судењето за случајот Рекет поради оправдани здравствени причини на претседателката на судечкиот совет судијката Васка Николовска-Масевска.

Судењето за случајот е презакажано за 10-ти февруари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен.

Прекинат уписот на првачиња во училиште во Тетово, наставник заболел од коронавирус

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците...

Бутел е една од општините каде бројот на заболени е висок,  но според митрополитот Петар, таа бројка која деновиве се презентира пред јавноста е од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

Поповите против карантин за Задушница: Заболените се од ифтарите кои се одржуваа на затворено!

Во изјава за А1 Он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин...

Скопскиот и тетовскиот во моментов се најзафатени региони со Ковид-19, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Чаир жариште на коронавирус, речиси 100 заболени- ова се бројките на заболени во другите скопски општини!

Коронавирусот не стивнува во Македонија, а Скопје и Тетово се градовите со најголем...