Македонија
Вести
Во интервју за Република, адвокатот на првообвинетиот за случајот Рекет, Бојан Јовановски истакна дека неговиот телефон воопшто не е вештачен иако во него има многу фотографии и разговори.
Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски.
Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики.
Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи- убеден е Дукоски.
Пандорината кутија што Боки ја најавуваше , Дукоски се надева дека ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд.
Ние не ги викаме за да правиме некое шоу или циркус.Ги викаме на конкретни околности дали знаат дали биле вкучени бидејќи тоа било проект од општ интерес.Тоа не е нешто што му текнало на Бојан Јовановски и реално тоа еден човек не може да го направи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.