
Македонија
Фејсбук
Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски на својот фејсбук профил ги прокоментира моменталните случувања во државата.

Тој сподели вест со наслов – Заев: Сметам дека предлогот за технички министер на МВР не е во согласност со Уставот, а во описот над неа напиша:
Во согласност со Устав беше изборот на претседател на собрание со 59 гласа,
во согласност со Устав беше законот за јазици со европско знаменце,
во согласност со Устав беше уцената на пратеници со долгогодишни затворски казни,во согласност со Устав беше промената на името по неуспешен референдум.
Во согласност со Устав ни го зедовте најсветото, ова на својот фејсбук профил го напиша Игор Дурловски.
Игор Дурловски е роден 1977 во Битола.Тој е еден од најпознатите македонски оперски пејачи.
Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.
Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.
Во јавноста името на Дурловски се споменуваше откако тој беше осуден за настаните во Собранието на 27-ми април. На 15 март годинава обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението за тероризам, а беше одлучено трошоците за Дурловски да паднат на товар на буџетот на Република Македонија, и тој редовно да се јавува во суд.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.