Лидерот на партијата Христијан Мицксоки не штедеше зборови за политичкиот противник Зоран Заев.

Објавил: Стојче Бушин | 12 март, 2020 7:17

Дурловски: Горд сум зошто ја носам тежината на минатото- да не ги заборавиме неправилно осудените

Фото/Текст извор: ©магазин

Гордана Сиљановска Давкова, Владо Мисајловски, Игор Јанушев, Александар Николовски, Игор Дурловски и Дафина Стојановска ќе ги предводат кандидатските листи во шесте изборни единици.

Лидерот на партијата Христијан Мицксоки не штедеше зборови за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Му порача дека ќе одговара за криминал, а на 12 април ќе замине во историјата.

Горд сум зошто ја носам тежината на минатото, но пред мене ја гледам светлината на иднината, рече Игор Дурловски, носител на листата  за Петата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на конвенцијата на кандидатите за пратеници.

– Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените. Македонија е да се бориме достоинствено и со крената глава за неа. Македонија е да ја држиме вистинската страна, страната на победниците, страната на Вистината. Македонија е да не ги заборавиме идеалите на нашите предци.Македонија е да не ја загрозуваме иднината на нашите деца. Наша задача е да се бориме за вистинска слобода на македонскиот народ и на сите останати во Република Македонија. Сакам да ве уверам дека, од мене ќе добиете искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа – рече Дуролвски.

 Слободата е блиску, илузијата на нивната лажна сила е скршена, народот ќе биде повторно слободен велеше Игор Дурловски.

Борбата ќе биде тешка, но ние сме луѓе кои нема да отстапат, нема да го прекршат зборот и кои имаат визија, знаење и енергија, како да одиме напред. Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот после сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен, да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички средства ќе им ја покажеме нашата сила и мудрост – рече Дурловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Знамето на Република Македонија со интонирање на македонската химна пред малку се развиори пред седиштето на НАТО со и со тоа нашата земја стана 30 членка на Алијансата.

ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА: Македонското знаме со химната се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел!

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО пред малку беше подигнато македонското...

Тој посочи дека за таа цел ќе биде сменет правилникот и посочи дека ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Од денеска МВР ќе ги доставува личните карти и возачките на домашна адреса!

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференцијата одржана викендов...