Кривичниот суд донесе одлука со која тој беше ослободен од кривичното дело тероризам кое му се ставаше на терет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 август, 2019 21:59

Дурловски: Ме возбудува фактот што италијанскиот весник го користи името Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот случај „Рекет“ го дрма целиот регион а не ја остави рамнодушна ниту македонската јавност. Многумина го коментираа случајот, а сега на својот Фејсбук профил оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи по видео снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла верита,  тој истакна дека го возбудува тоа што во натписите во италијанскиот весник се користи името Македонија, без Северна.

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Во целава саупница најмногу ме возбудува фактот што италијанскиот весник го користи вистинското име на мојата татковина, пишува оперскиот пејач Игор Дурловски на Фејсбук.

Инаку оперскиот пејач  Игор Дурловски кој беше уапсен за настаните на крвавиот четврток, односно 27 ми април кога се случи упад во Собранието на РМ, на 15 ти март беше ослободен од обвиненијата за случувањата од 27 април.  Судијката Добрила Кацарска тогаш образложи дека трошоците за судењето на Дурловски паѓаат на товар на буџетот на Северна Македонија.

Кривичниот суд донесе одлука со која тој беше ослободен од кривичното дело тероризам кое му се ставаше на терет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...