Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.

Објавил: Сара Фемина | 4 декември, 2019 22:24

ДУРЛОВСКИ: Се додека лојаноста кон Македонија ни е на прво место, ќе се избориме за подобар живот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и не затвараа , пробуваа да не избришат, и до ден денес уште не замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи не’, пишува на социјалните мрежи оперскиот пејач Игор Дурловски.

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој беше дел од протестите на „За заедничка Македонија“, кои завршија со насилство во законодавниот дом, беше ослободен од обвинението за настаните во Собранието на 27 април.

Неодамна судијката Добрила Кацарска образложи дека јавниот обвинител не успеал да докаже вина кај Дурловски, а трошоците за неговото судење ќе паднат на товар на буџетот на Македонија.

Тој на социјалните мрежи напиша дека основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА за својот живот, а тој верува во неговата мудрост.

Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.
Не можат да го чујат крикот на БУДНИТЕ и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови.
Основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА за својот живот а јас верувам во неговата мудрост.

Бидејќи сум свесен дека нема да биде лесно, знам дека е потребно да се фокусираме, а се додека во нашата агенда работите се поставени по логичниот редослед, по вистинското значење, се додека ЛОЈАЛНОСТА КОН МАКЕДОНИЈА ни е на прво место, убеден сум дека ИМЕТО, СЛОБОДАТА на праведните и патриотите, ПРАВДАТА за обесправените, подобар ЖИВОТ за потиснатите и измачени граѓани, економската преродба и БОРБАТА за унапредување во секое поле се прашања за кои ќе се бориме и ќе се ИЗБОРИМЕ, напиша Игор Дурловски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Во својата објава Мицкоски посочува дека Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта, а Рускоска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Мицкоски: Вилми и Јовевци не убедуваат дека Заев не е вмешан во криминал

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на својот Фејсбук профил каде напиша...

Јанушев ја потсети јавноста дека кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.

Јанушев: Никој не се занимава со бизнисот со марихуана на Заеви

На Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, за да може да цвета...