Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 22:14

Дурловски се повлекува од парламентот: Фотељата боде кога прагмата е поважна од моралот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5, Игор Дурловски, вечерва соопшти дека го напушта Собранието на Република Македонија.

Негвоиот статус ви го пренесуваме во целост:

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам!

Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.

Игор Дурловски, Панчо Минов и Исмаил Јахоски на изборите се најдоа на листата на независни пратеници во новиот пратенички состав.

Судењето за случајот „27 април“ почна во август минатата година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување, а со Законот за амнестија помилувани беа 15 обвинети!

Игор Дурловски на изборите беше носител на листата на Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во петтата изборна единица.

Поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски неодамна на својот Фејсбук профил напиша дека добивал закани од советник на Зоран Заев!

Во објавата не појаснуваше за каков инцидент се работи!

После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.

Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.

Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Пендаровски изјави дека кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина.

Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување, вели Пендаровски!

Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката...

„Нивната идеологија продолжува да се развива како што планираа Тито и Сталин. Затворајќи ги очите, ние ја работиме работата на Москва“, рече бугарскиот министер за надворешни работи.

Нова бугарска провокација: Северна Македонија ја следи идеологијата поставена од Сталин и Тито

Доколку Бугарија замижи на фактот дека Северна Македонија ја следи идеологијата поставена...

Многу е важно како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.

Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници, вели Заев!

Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници....