Култура
На официјалната фејсбук страница на Македонската опера и балет денес е променето името во Национална опера и балет.

Администраторот на профилната слика на страницата го објави и новото лого на кое е испишано новото име на Националната установа Национална Опера и Балет, но за кратко време беше отстрането и заменето со логото на Мајски оперски вечери.
Причините за ова не се познати, иако коментарите од следбениците на страницата на МОБ беа негативни додека логото беше објавено.
Прашање е дали Дирекцијата на МОБ со отстранувањето на новото лого сакала да ги избегне негативните коментари и да го чуе јавното мнение токму во пресрет на Мајските оперски вечери, или пак се работи за нешто друго.
Поранешниот директор на МОБ, Игор Дурловски, го објави новото лого на Национална опера и балет со статус на кој дел од вработените солисти на МОБ и културната јавност реагираат.
Дурловски напиша: Како само г(о) рдо звучи, фали посмртен марш…
Едно од прашањата кои се поставуваат е зошто македонскиот народ не може да има свои инстутиции во кој зборот Македонски ќе биде содржан во самиот наслов, кога такви имаат и други националности, меѓу кои албанците и турците.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Опера
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.