Повторно е отворена модуларната болница во која имаме 4 пациенти. Тројца од нив не се вакцинирани, а едниот е вакциниран, кој има полесна клиничка слика.

Објавил: Владо Марин | 12 август, 2021 21:08

Д-р Балевски: Четвртиот бран започна, модуларната болница во Охрид повторно отворена, хоспитализирани 4 пациенти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изминатите денови во охридската општа болница дневно се прегледуваат десеттици пациенти суспектни на Ковид 19, а повторно е отворена и модуларната болница, што навестува дека не очекува четврти бран на коронавирусот.

Ова во интервју за OhridNews го истакна директорот на Општа болница Охрид С-р Горан Балевски.

Повторно е отворена модуларната болница во која имаме 4 пациенти. Тројца од нив не се вакцинирани, а едниот е вакциниран, кој има полесна клиничка слика.

Од сите нив само еден беше на делумна кислородна поддршка, со мал пад на сатурација, а останатите се со добра клиничка слика. Очекувам дека ќе се зголемува бројот на позитивни пациенти, но да се надеваме дека нема да дојде до оптовареност на болницата, каква што имавме при последниот бран во април кога во еден момент имавме и 110 пациенти со тешка клиничка слика кои беа на кислородна поддршка. – истакна во интервјуто за OhridNews, Д-р Балевски.

Балевски и натаму смета дека вакцинацијата е единствен начин да се победи Ковид 19 и апелира до граѓаните да се вакцинираат.

Во разговорот се осврнуваме и на работата на општата болница која е преоптоварена во туристичката сезона, за недостатокот на лекари и стручен кадар во поедини сфери, желбата на лекарите да пливаат во политички води и неговата голема љубов – нуркањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...