Истрагата што ја водело Обвинителството за организиран криминал траела неколку месеци кое денеска го поднесе актот.

Објавил: Стојче Бушин | 31 декември, 2020 18:18

Д-р Вело Марковски и уште седум други обвинети за шверц на артефакти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски епидемиолог, Вело Марковски, кој е член на Извршниот комитет ВМРО-ДПМНЕ е дел од осумчлената група обвинета за незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти, објави СДК.МК.

Истрагата што ја водело Обвинителството за организиран криминал траела неколку месеци кое денеска го поднесе актот.
 
Дел од артефактите, Маркоски ги чувал во својот стан додека не се најде купувач, по што обвинетите ги шверцувале.

Според обвинението, Марковски и останатите седуммина обвинети – тројца како организатори и петмина како припадници на групата, сториле кривично дело „Злосторничко здружување“, а на товар им се ставаат уште четири други дела.

Во текот на 2017 и 2018 година на територијата на Р.С. Македонија обвинетите Р.П, А.Б. и Ж.Р., со цел стекнување на противправна имотна корист, создале група за вршење на кривични дела поврзани со недозволени археолошки истражувања и ископувања, на која припадници станале обвинетите В.М., И.Д., А.Б., Б.Д. и Ј. М.. Членовите на групата поединечно или заедно преземале криминални дејствија за остварување на точно определени цели, па така, обвинетите Р.П., А.Б., Ж.Р., В.М., Б.Д. и Ј.М. без дозвола од надлежни органи вршеле недозволени археолошки истражувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Р.С. Македонија.

Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на одредени археолошки локалитети и локалитети што содржат природни реткости и по пронаоѓање на истите, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на РС Македонија, неовластено ги присвојувале.

Потоа, добрата ги прикривале на безбедни, непознати локации и во домовите на обвинетите В.М., И.Д и А.Б. до пронаоѓање на неовластени купувачи, велат од обвинителството.

Откако наоѓале купувачи од земјата и од странство, обвинетите неовластено им ги продавале овие значајни добра, сопственост на државата и со тоа трајно ги отуѓиле на штета на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Мицкоски со поддршка до Израел: Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо!

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно...

Според член 174 од Законот за внатрешни работи, „работникот, со писмена изјава до Министерството за внатрешни работи, може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до навршување 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст“.

По „брза постапка“ е пензиониран началникот на Секторот за организиран криминал во МВР

На началникот Лазе Велковски, кој работел на неколку од последните акции за заплена...

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот...

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...