Имено доктор Глиќиќ е една од оние кои не веруваат во нештото додека не е научно докажано, па така таа избегнуваше било какви прашања поврзани за теми кои научно не се докажани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 10:34

Д-р Глигиќ: Никој кој чува мачка не се заразил од коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Истакнатата српска докторка, виролог Ана Глигиќ во едно гостување посочи дека не е точно тврдењето дека мачките се преносители на коронавирусот, и вели дека според сите направени истражувања, мачките можеби и се имуни на вирусот.

Пред околу два месеци,  мачка стана првото животно во Велика Британија кое е позитивно за коронавирусот. Се верува дека мачката ја „добила“ инфекцијата од нејзините сопственици, кои претходно биле тестирани и биле позитивни на коронавирусот, но членовите на семејството, како и животното, целосно се опоравиле досега. Како што се додава, нема докази дека мачката била таа која го пренела вирусот на сопствениците или дека било кое друго домашно животно е способно за тоа.

-Кога би имале некој проект, да ги испитаме сите тие животни со кои доаѓаме во контакт, и да видиме кои видови на коронавирус тие го носат и што може да им направат на луѓето…Тоа секако ќе се дознае за година-две. Има текстови кои говорат дека нема ниеден заболен човек од коронавирус кој дома има мачка. Никој кој чува мачка нема коронавирус. Значи мачјата корона му дала имунитет дури и и на овој коронавирус кој сега циркулира. Значи тоа треба да се истражи, докаже – рекла докторката.

Имено доктор Глиќиќ е една од оние кои не веруваат во нештото додека не е научно докажано, па така таа избегнуваше било какви прашања поврзани за теми кои научно не се докажани. Докторката се осврна и на сите медиумски написи, за вториот бран на коронавирусот, и за содржината на вакцините и животните преносители на коронавирусот.

Се уште сме во првиот бран на коронавирус, она што ни претстои се повремени падови и пораст на случаите. Ќе има повеќе пикови, но втор бран нема да има, вели вирологот Глигиќ.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според најновите податоци, над 70.000 Срби престојуваат во соседната крајбрежна држава, а по жалбата на Кризниот штаб поради тешката епидемиолошка состојба, повеќето од нив се решиле да се вратат.

Србите ја блокираа границата со Црна Гора: Српските туристи масовно се враќаат дома

Од утрово има огромна гужва на граничниот премин Јабука со Црна Гора, а десетици возила...

Тој исто така изјави дека само со целосно учество, одговорност и соработка, „можеме да ја зајакнеме довербата и напредокот кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност на секој поединец“.

СЕ ОГЛАСИ ЃУКАНОВИЌ: Изборите покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија!

Неодамнешните парламентарни и локални избори го потврдија напредокот во демократскиот...