
Македонија
Вести
Во гостувањето во „Само Вистина“ еден од најистакнатите кардиохирурзи во земјава Жан Митрев рече дека не е оптимист кога станува збор за вториот бран на коронавирусот.
-Можеби за некои се уште не е јасно што јас како кардиохирург имам со ковид пациенти. Ние сме тие кои работиме со најтешко болните пациенти, како резултатот на вирусната инфекција и понатамошното комплицирање кое иде со кардиоваскуларни проблеми. Не сум оптимист, следејќи ги параментите кај нас и во светот, покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, нема втор бран туку континуирано зголемување на бројките. Но, сега после олабавувањето, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а тоа е економијата, тоа придонесе да се олабават на сите страни, не само кај нас. За жал, се гледа дека тоа континуирано продолжува.
Според Митрев се уште е голема бројката на заболени, и вели дека не може да се прогнозира кога ќе дојде крајот на вирусот.
Не можеме да кажеме дека е нешто надминато, кога бројките го зборат спротивното. Како ќе биде наесен, јас мислам дека ќе биде многу лошо. Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти. Она што се зборуваше дека е болест за постари луѓе, не е точно. Ние лекуваме и 24 годишник во тешка форма. Сега имаме син и ќерка кои се со тешка состојба. Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата, рече Митрев.
Како што истакна, во емисијата одредени пациенти пак имаат симптоми на СИДА.
-Паѓање на имунитет, предизвикување на имунолошка реакција и додатни компикации. Не секој позитивен пациент е болен пациент. Тој имал контакт со тој вирус. Симптоматските пациенти со проблеми во дишење и температура, тие се пациенти кои заболуваат, тврди Митрев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.