Имено по оваа прекрасна вест за успешна трансплантација на срце доктор Жан Митрев истакна дека Македонија ги поседува сите капацитети за трансплатација, а упати и благодарност до министерот за здравство Венко Филипче, кој успеа да ги сплоти најдобрите кардиохирурзи во земјата.  

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2020 23:34

Д-р Жан Митрев по успешната трансплатација на срце: Филипче не сплоти, ова е голема и успешна приказна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија денеска беше историски ден за македонското здравство. Имено за прв пат беше извршена трансплатација на срце, благодарение на тројцата врвни кардиохирурзи, професор Сашко Јовев од Државната Клиника за Кардиохирургија, Академик Жан Митрев од клиниката Жан Митрев и професор Александар Николиќ од клиниката Аџибадем Систина.

Д-р Жан Митрев (роден на 11 јануари 1961 во Штип) е еден од најпознатите македонски кардиохирурзи. Основач, сопственик и менаџер е на Специјалната болница „Филип Втори“.

Имено по оваа прекрасна вест за успешна трансплантација на срце доктор Жан Митрев истакна дека Македонија ги поседува сите капацитети за трансплатација, а упати и благодарност до министерот за здравство Венко Филипче, кој успеа да ги сплоти најдобрите кардиохирурзи во земјата.  

„Се покажа дека ги имаме сите капацитети и сите можности и морам јавно да се заблагодарам на Министерот Филипче кој не организира, кој не сплоти и колку и да сме различни, сепак на крајот сме исти, имаме една цел, а тоа е да ги лекуваме пациентите. Без разлика дали сме приватни, државни, ние сме со таа дејност, со таа функција и сето ова е голема и успешна приказна. Му благодарам на Министерот, на целиот тим и на сите, оргомен број луѓе кои земаа учество во сето ова, за да ова биде вака како што е“, потенцираше д-р Жан Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...