Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 февруари, 2021 11:45

Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор

Фото/Текст извор: ©Фото: Ристе Пејовски – Слободен печат/магазин.мк

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи од зградата на ГОБ „8 Септември“, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, д-р Христијан Костов.

– Страшно и многу тажно. Станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор, со неколку прегледи од психијатар и терапија. Не ми е јасно како успеал да се ослободи од креветот.

Со него во собата имаше уште еден пациент. Ја искористил петнаесетминутната пауза после визитата, кога немало никој во собата и си го одземал животот. Беше на интензивна нега, тешка слика на пневмонија, хоспитализиран седум дена. Нонстоп беше на терапија, ни рече доктор Костов.

Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.

Известени се сите надлежни институции Министерството за здравство, МВР и јавен обвинител.

ДСЗИ прави надзор на лице место и телото е предадено на обдукција. По завршувањето на инспекцискиот надзор се најавуваат повеќе информации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот. Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.

Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се...

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

ТРАГЕДИЈА: Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден...