Вело Марковски исто така истакна дека до сега требало да се направи и скрининг на деца.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 10:22

Д-р Марковски: Високата смртност од ковид-19 е поради грешките во лекувањето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во изјава за Тв Сител, новиот член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, инфектологот Вело Марковски, истакна дека смртноста од Ковид-19 во земјава е многу загрижувачка, и се прават акко што вели многу грешки во лекувањето.

– Од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, пациентите мора да се лекуваат доктринарно – смета Марковски.

Вело Марковски исто така истакна дека до сега требало да се направи и скрининг на деца.

-Ние не направивме скрининзи кај децата и тоа многу ќе не чини во следниот период, дали тие имаат антитела, дали случајно прележале коронавирус, и ако децата не се разболуваат тие не можат ни да го пренесат вирусот, вели професорот Марковски.

Тој истакна дека не постои механизам детето да го фати вирусот дома и да пренесе, значи треба да се разболи или да се инфицира за да го пренесе на возрасните, а ПиСиАр (ПЦР) методата не е добра за масовни тестирања и не е дава добри резултати .

-Смртноста во Македонија е загрижувачка и се прават многу грешки во лекувањата, од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, мора да се лекуваат доктринарно пациентите, смета доктор Марковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...