Д-р Микиќ посочи дека два метра оддалеченост е најдоброто оружје за заштита.  Тој вели дека носењето маска се препорачува доколку одите на лекар, или некаде каде што има повеќе луѓе, како јавниот превоз. Тој апелира до граѓаните да внимаваат со заштитните ракавици и да не го допираат лицето, очите, носот...

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 10:13

Д-р Микиќ советува: Маските не ги носете надвор, внимателно со ракавиците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија епидемиологот доктор Владимир Микиќ посочи дека носењето маска стана тренд, па луѓето ја носат и кога се на отворено, што не би требало.

Честото миење на раце и одржување на високо ниво на хигена е пресудно во бобата против корона вирусот. Превенцијата во случајот со корона е најважна бидејќи лек уште не е пронајден. И кога носите заштитни ракавици треба да знаете дека и нив треба да ги миете често бидејќи вирусот може да се задржи на нив.

Д-р Микиќ посочи дека два метра оддалеченост е најдоброто оружје за заштита.  Тој вели дека носењето маска се препорачува доколку одите на лекар, или некаде каде што има повеќе луѓе, како јавниот превоз. Тој апелира до граѓаните да внимаваат со заштитните ракавици и да не го допираат лицето, очите, носот…

„Луѓето кога ќе стават ракавици мислат дека ја завршиле работата и сега се сигурни и можат да фаќаат што сакаат, заштитени се. Меѓутоа ние несвесно во текот на денот најмалку 20 до 30 пати го фаќаме лицето, дали очите, дали носот, дали устата, дали местиме наочари. Ако ги имаме ракавиците а пред тоа не сме ги измиле рацете а допреме загадена површина и ја пренесеме на лицето, како да не сме ги носеле. Од тој аспект можеби е подобро ракавиците во нормален живот да не се носат, вели д-р Микиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...