При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 18:28

д-р Николче Шулевски за Слободен Печат: Националната платформа нуди квалитетна настава која може да биде подобра и од класичната (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Николче Шулевски, докторот по науки за методика во онлајн настава кој е и еден од националните обучувачи во земјава во интервју за Слободен Печат вели дека националната платформа за учење на далечина е новост во нашиот образовен систем и се дели на два сегменти – едниот сегмент е платформата за аудио и видео комуникација, а тоа е Мајкрософт Тимс, преку која што наставниците воспоставуваат контакт со учениците, додека самото учење се спорведува преку Националната платформа за учење која што е веќе достапна на страницата Ims.schools.mk. 

Овој нов начин на изведувањe на образование во нашата земја секако дека ќе доведе до голем број на промени, овој начин на учење е веќе широко распространет во светот и чест и задоволство ми е што токму во нашата земја се воведува оваа платформа и што нашиот образовен систем ќе биде еднобразен, односно сите наставници ќе користат една алатка за аудио и  видео комуникација, додека образовниот дел ќе се одвива преку Националната платформа. Јас сум национален обучувач и имам големо искуство со примената на онлајн наставата во нашето образование и имам само пофални зборови за сето она што се случува кај нас. Можам само да ги поттикнам наставниците да го истражуваат, полека да се навикнат на овој начин на изведување на образовниот процес во нашата земја, бидејќи онлајн наставата е иднината на образованието.

Вие бевте еден од националните обучувачи, како помина тој процес и колку наставниците, посебно оние повозрасните кои не се интернет-генерација, успеваат да се прилагодат на платформата и да работат преку неа?

– Јас сум еден од триесетте национални обучувачи во нашата земјата. Најпрво ние како национални обучувачи имавме многу квалитетни обуки, добро се подготвувавме, спремивме голем број на презентации, видео упатства и материјали, додека нашето знаење го пренесовме на околу 1.600 училишни обучувачи на ниво на целата земја, кои понатаму нивното знаење го пренесоа кон своите наставници. Можеме слободно да кажеме дека се изврши една квалитетна обука на сите три нивоа – и за националните обучувачи и за училишните обучувачи, а секако дека тие ги пренесоа сите знаење до своите наставници. При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата. Морам да истакнам дека кај наставниците наидовме на голем интерес, без разлика на тоа дали се помлади или повозрасни, без разлика дали имаат поголеми или помали информатички компетенции. Сметам дека тие добро се снајдоа во обуките и дека добро се снаоѓаат со изведување на наставата, затоа што пред се ова е новина во образовниот процес и ќе треба и наставниците и учениците, но и родителите и целото општество да се навикне на овој тип на настава.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...