Пановски посочи дека се очекува во текот на зимскиот период преносот на вирусот да биде 15-25 пати појак од сега.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 18:26

Д-р Пановски: Зимските слави ќе донесат експлозија на коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека јануари ќе биде еден од најризичните месеци кога станува збор за коронавирусот, бидејќи како што нагласи тогаш се очекува интензивна комуникација на луѓето во затворено, денеска и микробиологот Никола Пановски го сподели воглавно истиот став и вели дека зимата носи нови предизвици кога станува збор за вирусот.

Тој во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека вирусот ќе се прошири во претстојниот период на постудените денови.

-Кога ќе се затовриме внатре, ќе биде експлозија на вирусот. За да тоа не биде  експлозивно, треба едукација. За жал, кај нас зависи од тоа кој ја кажува, од која провинеенција, треба сите заедно од сите партии, лидерите заедно со докторите да излезат и да потпишат една декларација да не ни се случи она штои ни се случуваше во мај, дека славите или верските обреди ние не можиме да ги спречиме. Сега е многу ваќно да се каже дека тие работи не смеат да се прават, а ги има многу повеќе зимно време, ќе направат експлозија и втора работа се младите луѓе, тинејџерите, кои сега се уште послободни, кои сега се собираат надвор и има ширење на заразата.

Пановски посочи дека се очекува во текот на зимскиот период преносот на вирусот да биде 15-25 пати појак од сега.

-Дали тоа ќе биде со рестрикции или не, да излезат пред народот, да кажат ова не’ очекува, ние вака ви предалгаме, од сите партии докторите – битни доктори и покрај нив лидерите, ако го почитувате ова, е останете без ретрикција, економијата ќе опстане, ако не ќе има рестрикции.  Прва рестрикција навечер е забрана за движење на младите. Тоа е проста работа. Национален интерес е, нема партија, 20 минути работа, меѓутоа утопија е кај нас, смета д-р Пановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...