Пановски вели дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 август, 2020 19:34

Д-р Пановски: Подобро да ги затворат плажите, во Охрид никој не носи маска освен келнерите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изјава за телевизија Трлма, професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски рече дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

-Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска,вели д-р Пановски.

Пановски вели дека прописите како оној за задолжително носење маска на плажа, не се почитува.

-Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно, е оценката на професорот.

Пановски вели дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата!

ЗАПОЧНУВА ЗАБАВАТА: Рестораните повторно ќе работат до 21:00 часот

Владата на Република Македонија на денешната 40-та седница, по препорака на Комисијата...

При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема!

Спасовски и црногорскиот колега Секуловиќ на Пониква ги проследија показните вежби на елитните единици на МВР

Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква...

Во овој период е донесен и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион до 2029 година со акциски план за имплементирање на режимите за заштита.

Отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни

Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на...

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.

203 санкционирани возачи во Скопје: 19 за брзо возење, 19 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.01.) продолжи со засилените...