Тој вели дека мал број новозаразени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.

Објавил: Стојче Бушин | 14 јули, 2020 6:38

Д-р Пановски: Со толку заразени, ни во август нема да патуваме во ЕУ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Д-р Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ рече дека доколку бројките од коронавирусот не се намалат македонските граѓани ниту во август нема да можат да патуваат во ЕУ.

Пановски вели дека мал број новозаразени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.

Кога ќе дојде есен се плашам од враќањето во затворен простор, потребно е што повеќе да ги проветруваме просториите и особено да внимаваме со климатизерите, да ја заборавиме функцијата за вртење на воздухот внатре, порача д-р Пановски.

Ова ќе трае, но се надеваме дневниот биланс ќе продолжи да биде 100 заразени со 100 излечени, како што имавме деновиве. Ако ги почитуваме мерките и продолжат овие бројки како досега, мало намалување на новозаразените може да се очекуваат во месец август“, вели Пановски!

Вчера во последните 24 часа беа направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 30
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Струга 11
-Велес 1
-Битола 1
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 1
-Пробиштип 1
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 8

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 70
-Штип 6
-Прилеп 4
-Тетово 31
-Велес 3
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Кичево 1
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Ќе забележите дека комарците помалку ќе ве напаѓаат ако редовно консумирате зеленчук и овошје, и ако го сведеме на минимум јадењето на храна богата со спорни киселини, што ги содржи секоја преработена храна, како што се млечни производи и месо.

ДОКТОР НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Еве како да се заштитите од комарците- оваа храна не треба да ја јадете!

Општо познато е дека комарците се хранат со човечка крв. Но, како што тврди пулмологот...

Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! – порача министерот Филипче.

Обезбедени 61 единица плазма за третман на пациенти со ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19,...

Според експертите, топлата вода не дозволува размножување на вирусот односно доведува до негова потполна деконтаминација и истребување. Според нив хлорот во водата потполно ја губи способност за одржување на вирусот.

Конечно добра вест за коронавирусот: Откриено дали се размножува во вода?

Според најновото истражување од група експерти од Државниот истражувачки центар за...

Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете!

Клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се...