Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2020 13:13

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител истакна дека се поголем е бројот на млади лица без претходни заболувања кои завршуваат на респиратор или на кислородна поддршка во македонските болници како последица на ковид-19.

– Ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик беа повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата според епидемиолозите е обратна. Сега се повеќе млади луѓе ни заболуваат. Имаме ситуација кога помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно. Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане, но кусо е времето за да го осознаеме – вели др. Александар Стојанов.

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени.

– Со кластери е полесно, ги знаете луѓето и ги изолирате, но сега веќе е излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир сѐ уште води но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји –вели др. Стојанов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид!

Филипче: Вака ќе работат итните служби за претстојниот викенд

За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена...

Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

На Клиниката „Св. Наум Охридски” од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” информираат...

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира!

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент...