Имено, тој појаснува дека кај осум деца досега констатирале повеќеоргански инфламаторен синдром или скратено МИСЦ, дијагноза која е поставена кај децата врз основа на знаците коишто се појавуваат.

Објавил: Сара Фемина | 15 декември, 2020 19:05

Д-Р ФИДАНОВСКИ: Нова постковидна состојба кај децата, сериозен мултисистемски синдром ги напаѓа срцето, бубрезите, црниот дроб, прави згрутчување на крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе е познато дека децата кои биле заразени со корона вирусот, самата инфекција ја поминуваат или асимптоматски или со благи симптоми на болеста, но загрижува фактот што сега регистрираме една нова состојба, која се јавува кај децата две недели до еден месец, откако го прележале Ковид-19 или пак имале контакт со заболен, вели во разговор за Фактор, шефот на Одделот за Педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р. Душко Фидановски.

Имено, тој појаснува дека кај осум деца досега констатирале повеќеоргански инфламаторен синдром или скратено МИСЦ, дијагноза која е поставена кај децата врз основа на знаците коишто се појавуваат.

Последните четири пациенти се лекувале во оваа приватна здравствена установа во последните десеттина дена, односно две од нив се хоспитализирани завчера.

-Се работи за деца кои што биле во контакт со Ковид 19. Најчесто не биле болни, немале никакви знаци на корона вирусот или пак имале некаква многу блага клиничка слика, каква што е карактеристична за децата. Но, по извесно време, односно по период од две до четири недели кај нив се појавува болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 38,5, 39, па и 40 која трае повеќе денови и која не реагира, односно не се спушта со никакви антипиретици.

Тоа е водечкиот, иницијалниот симптом. Меѓутоа заедно со температурата, која и не е така специфичен знак, бидејќи може да се јави и поради низа други болести, се појавуваат и други симптоми. Децата имаат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата.

Очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични. А, потоа се појавуваат и други знаци, односно овој нов синдром зафаќа повеќе органи, пред сè срцето и се манифестира со срцева слабост. Децата имаат тахикардија, забрзана работа на срцето, бледило на кожата. Можат да бидат засегнати и белите дробови и се јавува една слика на воспаление на белите дробови, кашлица, стегање во градите, диспнеа или тешко дишење. МИСЦ предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање, па дури и една слика на дијареа, односно ентероколит. Практично, заедно со температурата, ова е уште еден од првите знаци, така всушност започнува состојбата, па потоа се појавуваат оние проблеми со срцето, белите дробови, кожните манифестации. Може да бидат зафатени и бубрезите заради што имаат потешкотии при мокрењето, некои од децата се со една класична бубрежна инсуфициенција, се појауваат отоци и многу често имаме пореметување на коагулација на крвта. Се јавува една состојба, односно тенденција кон зголемено згрутчување на крвта, дури и создавање на тромбози кои можат да бидат и фатални, вели во разговорот, д-р Фидановски.

Појаснува и дека се опшишани дури и случаи на засегање на централниот нервен систем, односно пореметување на свеста, главоболки и грчеви.

Целиот текст на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

ФИЛИПЧЕ: АСТРА ЗЕНEКА Е БЕЗБЕДНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја...

Кокцигеалниот сегмент е составен од крстната коска која е формирана со спојување на 3 до 5 мали прешлени. Најчесто крстната коска е составена со спојување од 4 мали прешлени, но кај некои луѓе можно е таа да биде составена од 3 или 5 мали прешлени, што не влијае на нејзината функција.

ЗДРАВЈЕ: Структура и функција на здравиот ’рбет

Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на...

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.

10 ризик фактори за карцином на дојка

10  ризик фактори за карцином на дојка. Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува...

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за...