Македонија
Економија
Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија се предвидува да се зголеми за 4 проценти во 2021 година, соопшти денеска Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ажурирајќи ја својата прогноза од септември.
„Во 2021 се очекува делумно закрепнување на македонската економија, со реален раст на БДП од 4 проценти како резултат на закрепнување на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на владата“, рече ЕБОР во последното издание на својот извештај за регионалните економски изгледи.
ЕБРД предвиде раст од 3 проценти на БДП на С. Македонија во 2021 година во претходното издание на извештајот во септември минатата година!
Банката прогнозира раст со иста стапка од 4% на македонското стопанство во 2022 година. Сепак, предвидувањата се изложени на значителна неизвесност, наведува ЕБРД.
Како поволни така и неповолни ризици се и натаму присутни и првенствено се однесуваат на брзината на обновување на надворешната побарувачка и способноста на владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата со оглед на стеснетиот фискален простор“, се вели во извештајот: „Одговор на коронавирусот во 2021 година: Поставување подобри темели“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Економија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.