Велика Британија, Германија и Италија вчера соопштија за случаи со новата Омикрон варијанта на коронавирусот, додека неколку земји воведоа ограничувања за патувања од Јужна Африка.
Израел соопшти дека ќе им забрани на сите странци да влегуваат во земјата и ќе ја воведе антитерористичката технологија за следење телефони за да спречи ширење на оваа варијанта.
Д-р Анжелик Кетзи, првата докторка која во Ј.Африка предупреди на новиот сој, за британски „Телеграф“ раскажа кои симптоми и биле знак за аларм дека се случува нешто невообичаено.
Кај неа се појавил сомнеж кога во нејзината ординација на почетокот на месецов дошле четворица пациенти кои пријавиле екстремен умор, како и шестгодишно дете со забрзан пулс. Никој од нив немал загубено чувство за мирис и вкус, што досега беше најкарактеристичниот симптом што се појавуваше кај заболените со корнонавирусот.
„Симптомите беа поинакви од се со што се сретнав порано, но беа благи“, вели д-р Кетзи.
Малку подоцна, на 18 ноември, четири членови на семејството ги добиле резултатите од тестирањето на ковид-19 и се покажало дека се заразени, а имале особено изразен умор. Тогаш д-р Кетзи го известила државниот Одбор за вакцинација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.