Едно од најтрадиционалните јадење во Македонија и пошироко. Постои една поговорка која вели „Колку домаќин(к)и, толку различни вкусови на зготвена сарма, а сите преубави и превкусни“.
СОСТОЈКИ:
- 40 листа кисела зелка за виткање на сармата
- 1 кг мешано мелено месо (600 гр свинско, 400 гр јунешко)
- 200 гр чадена сланина на Пекабеско
- 200 гр ориз
- 1 главица кромид
- Масло за јадење
- 1 мало лажиче црвен пипер
- 1 мало лажиче вегета
- Сол и црн бибер по вкус
- Магдонос по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне.
- Потоа ја додаваме ситно сецканата Пекабеско сланина. Кратко пропржуваме и го додаваме оризот.
- На крајот го додаваме меленото месо, вегетата, црвениот пипер и сол и бибер по вкус. Продолжуваме со пржење се додека месото не омекне убаво и водата не почне да ипсарува.
- Откако месото ќе се пропржи го тргаме садот од оган и ги филуваме листовите кисела зелка еден по еден.
- Завитканите сарми ги редиме во подлабок сад, збиено, во два реда, за да не се растурат.
- Налеваме малку млака вода,го затвораме садот и оставаме сармата да крчка на умерена темпеартура околу 2 часа.
- Пред самиот крај може да додадеме магдонос по желба.
- Може да се послужи со лут сос од рен, а за љубителите на киселиот вкус додаваме и лимун по желба!
На здравје!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.