Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори блиски на семејството на Брајант, комеморацијата ќе се одржи во „Стејплс Центар“ во кој кошаркарската ѕвезда цели две децении играше во дресот на „езерџиите“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 19:02

Еве кога ќе биде погребан Коби Брајант- одбраниот датум има посебна симболика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комеморацијата и погребот на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа на 26-ти јануари се закажани на 24-ти февруари во Лос Анџелес.

Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори блиски на семејството на Брајант, комеморацијата ќе се одржи во „Стејплс Центар“ во кој кошаркарската ѕвезда цели две децении играше во дресот на „езерџиите“.

Истите извори појаснуваат дека и датумот е симболично одбран – 24, број што Брајант го носеше на дресот во вториот дел од кариерата додека Џиана играше со број 2 во „Мамба Академијата“ во која како тренер ја водеше нејзиниот татко.

Коби Брајант, кој беше една од најголемите ѕвезди во кошарката и спортот, го загуби животот во хеликоптерска трагедија заедно со уште осум лица меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џиана.

Светот со неверување ја прими оваа вест. 

Брајант кој имаше само 41-година две децении беше прва ѕвезда на НБА лигата со Лос Анџелес лејкерс. Тој со овој клуб освои пет шампионски прстени пред да се повлече од кошарката во 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кошарка

Трогателен говор одржа и еден од најдобрите пријатели на Коби, Мајкл Џордан кој не можеше да ги сокрие солзите. Џордан пред присутните одржа потресен, емотивен говор и кажа за нивниот пријателски однос.

„Кога загина Коби, загина и дел од мене- Мајкл Џордан со солзи во очите се прости од својот “помал брат”

Вчера се одржа комеморацијата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата...

Тој му ветил на Коби дека ќе започне да тренира деца, а како доказ приложи видео од кошаркарскиот камп за деца, нешто што Коби г побарал од него. 

ЈА ИСПОЛНИ ЗАДАЧАТА КОЈА МУ ЈА ДАДЕ КОБИ: Голема одлука на НБА ѕвездата!

Гилберт Аринас, порано познат како „Агент Зиро“ и sвездата на „Вашингтон Визардс“...

Ваквата одлука беше донесена денеска на Изборно собрание во Скопје каде, тој беше едногласно избран како единствен кандидат, откако преостанатите конкуренти се откажаа од трката, а Петар Наумоски кој досега беше предводник на МКФ, одлучи да не бара нов мандат.

Перо Антиќ е избран за прв човек на МКФ

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ е новиот претседател на Македонската кошаркарска...

И додека многумина кои се со поинаква националост од Македонската, го потиснуваат македонското во себе, Охриѓанецот Чеди е ГОРД МАКЕДОНЕЦ!

(ФОТО) Чеди Осман на НБА Аll star ќе настапи со патики во боите на Македонија и Турција

Турскиот кошаркар Чеди Осман родум од  Охрид а настапува за тимот на Кливленд...