Македонија нема да има само нов устав на нова држава на Балканот, туку ќе изгуби и најмалку четири од шесте државни празници на кои се чествуваат историски датуми

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 12:11

Еве кои државни празници ќе бидат укинати, ако помине Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Празниците во Македонија се уредени со Закон за празници, кој технички во правен аспект го имплементира но и не го уредува ресорното министерство за социјална политика и труд.

Согласно уставните измени, т.е. евентуалните уставни амандмани од 33 до 37, новата државна творба, Република Северна Македонија, ќе мора да ги уреди државните празници кои моментално се шест на број.

Имено согласно Преспанскиот договор, празникот може да постои но истиот нема да има ни правна ни церемонијална вредност.

Прв на удар е 2 Август, во делот на заседанието на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Празникот е уреден со Одлука – Решение од АСНОМ како правен акт, кој согласно цитирањето само на прогласот, станува ништовен. 

Воедно 2 Август го славиме и како ден на Крушевската република, т.е. Илинденското востание, кое пак е спорно согласно Догоорот со Бугарија.

Така на 2 Август ќе славиме верски празник, Свети Илија, работен ден.

Втор на удар е 8 Септември, т.е. денот на државноста или ден на самостојување на Македонија од СФР Југославија. 

Согласно Преспанскиот договор, денот ќе има конфузно значење, дотолку повеќе што од Преамбулата се бришат зборовите “решија да” со што Референдумот од 1991 година станува ништовен а Денот не може да се слави како ден на осамостојувањето на Република Северна Македонија.

Празници кои ќе отпаднат од Македонската историја се и 11 и 23 Октомври. 

11 Октомври е Ден на почеток на Народноослободителната борба на Македонија, но тоа не е уредено со Прогласот на АСНОМ, каде не се земени во предвид Одлуките на АВНОЈ со што повторно во правната недореченост и селективност во правниот акти, ќе изгубиме битен датум.

Укинувањето на 23 Октомври, Денот на Основање на Македонската Револуционерна Организација е според затоа што го нема во Преамбулата но го иима на маса при преговорите за историска ревизија согласно Договорот со Бугарија. Воедно актуелната власт веќе и најави негово укинување како државен празник.

24 Мај, како ден на кој ги чествуваме на Светите браќа Кирил и Методиј ќе остане како државен празник, иако ќе се почека одлуката дали сесловенски ќе биде корегирано во бугарски, како најавуваат од официјална Софија.

На Македонија освен традиционалните празници и празниците на заедниците, ќе и остане уште 8 Декември, или Патрон на Македонија, за кој сеуште нема најава согласно кој Договор може да биде оспорен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На овој датум секаде во светот ќе се одбележи 50 години од првиот бунт на хомосексуалците во њујоршкиот бар Стоунвал.

ФОТО: Битолчани ќе покажат пред светот што значи „Парада на Гордоста“

На 29 јуни во Скопје е закажана „Парада на Гордоста“, каде во центарот на главниот град...

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка?

На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците...

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...