Третата фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“ која тргува со моторни горива.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2022 12:31

Еве колку е богат Сашо Мијалков: Бензински пумпи, апартмани, станови, земјишта…

Фото/Текст извор: ©а1.он

Имотот сопственост на фирмите на Сашо Мијалков и син му Јордан, но и фирмата каде ко-сопственик е Александар Ивановски-Теранова кој сведочеше во „Плацови на Водно“, а вреден 11,1 милион е гаранцијата со која ексдиректорот на УБК, ја доби својата слобода. Скоро истиот имот, беше понуден како гаранција во јуни, со вредност од 10.8 илјади евра, но тогаш Апелација не прифати да биде под хипотека за да Мијалков се брани од слобода.

Најголема гаранција има дадено фирмата „Бест веј инвесмент“ ДОО Скопје, која беше отворена во 2015 година од тогаш 21-годишниот Јордан и малолетниот Александар, синови на Мијалков. Во гаранцијата има апартмани во „Мериот“, станови, градежни земјишта, бензиска станица, депо за нафтерни деривати.

Првата фирма, чиј назив е непознат, гарантира со три деловни простори вредни 387.646 евра. Тајна се и адресите каде се наоѓаат овие објекти.

Втората фирма е „Спин груп“, дознава „А1он“. Таа и претходно гарантираше за слободата на Сашо Мијалков, а сопственик е лично тој. Фирмата во залог става стан од 72 квадрати во Скопје, друг стан од 53 квадрати во Скопје и подземна гаража од 24 квадрати. Овој имот е вреден 169.163 евра. Дејност од која фирмата остварува приходи е подготовка и послужување со пијалаци!

Третата фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“ која тргува со моторни горива. Таа гарантира со апартман и гаражни места во хотелскиот комплекс „Мериот“.

Под хипотека се ставени апартман од 259 квадрати, тераси од 27 квадрати, помошна просторија од 35 квадрати, како и градежни места во затворен простор од 64 квадрати.

Третата фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“ која тргува со моторни горива. Таа гарантира со апартман и гаражни места во хотелскиот комплекс „Мериот“.

Истата компанија, како гаранција, дала и бензиска станица, депо за нафтени деривати, големи канцелариски простории од 463 квадрати, втори канцелариски простории од 173 квадрати, трети канцелариски простории од 39 квадрати, четврти канцелариски простории од 58 квадрати. Меѓу другото, оваа компанија која ја дала и најголемата гаранција, под хипотека ставила и земјиште под зграда од 923.442 квадрати. Овој имот е проценет на вредност од 5.5 милиони евра.

Гарантира и фирмата „Дивелоп груп ДОО“, каде косопственик е Александар Ивановски познат како Алек Теранова, кој сведочеше во предметот „Плацови на Водно“. Уште еден сопственик на оваа фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“, сопственост на Јордан Мијалков. Компанијата во нејзина сопственост има градежно неизградено земјиште кое е под залог, а вредно 4.775.117,00 евра.

И последен имот кој бил понуден и прифатен како гаранција е сопственост на физичко лице, чиј идентитет засега не е познат. Станува збор за градежно земјиште од 753 квадрати и второ градежно земјиште со површина од 4932 квадрати. Вкупната вредност на овој имот е 235.332 евра.

Во Катастар за недвижнини, хипотеката врз овој имот останува запишана, иако Сашо Мијалков останува во притвор. Тоа е така бидејќи на одлуката од Апелација не може да се поднесе жалба, а тројцата судии од второстепениот суд го ослободија Мијалков од притвор. Истовремено, истиот ден, неколку часа подоцна, судии од Кривичниот суд одлучија дека Мијалков треба да остане во притвор, па му одредија нови 30-дена поради опасност од бегство.

„А1он“ и во јуни, кога беше одбиена гаранцијата на Сашо Мијалков од Апелација, пишуваше за тогашната гаранција со која бараше да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Како што соопшти претходно, Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма кој бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

(ВИДЕО) Мухамед Зеќири спроведен во затворот во Шутка, судот му одреди притвор

Судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи, според соопштението...

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања.

132 илјади вработени во јавниот сектор – 73% Македонци, а 20% Албанци

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера го презентираше...