Сите овие суми се вкупно најмалку 1.485.000 евра, а доколку Вардар ја освои титулата на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб може сумата да биде 1.705.000 евра.

Објавил: Перо Милчин | 6 јуни, 2019 0:05

Еве колку милиони евра заработи ВАРДАР ОД ОСВОЕНАТА ТИТУЛА!

Фото/Текст извор: ©24ракомет

Иако пред завршниот турнир во Келн, иднината на силен Вардар беше ставена под знак прашалник, сега веќе не е така, па јасно е дека македонскиот тим и во следната сезона ќе биде кадарен за големи дострели.

Ракометот не е како фудбалот, кошарката, тенисот, па Вардар не може да се пофали дека добро се офајди од ЕХФ. Сепак кога ќе се соберат сите премии, тогаш се доаѓа до солидна сума на пари.

Од ИХФ парите допрва треба да се заработат. Со освојувањето на титулата, Вардар се пласираше и на Супер Глоуб, па ако одигра таму добро и стигне до титулата може да добие 355.000 евра.

За само три години РК “Вардар“ освои две шампионски титули во европскиот ракомет, што само по себе е пишување на една извонредна спортска историја за цела Македонија, но и за самиот европски ракомет. Победата на Вардар силно одекна во целата европска јавност, а особено во земјите каде ракометот е популарен, како што се Германија, Хрватска, Србија, Данска, Полска, Франција и други.

За второ место премијата е 225.000 евра, додека за трето е 135.000 евра.

15.000 евра – премија од Неуромедика
135.000 евра – пласман на Ф4
500.000 евра – освојување на титула
500.000 евра – премија од Владата на Македонија
100.000 евра – премија од Град Скопје
100.000 евра – премија од АМС
135.000 – 355.000 евра – премија од Супер Глоуб.

Сите овие суми се вкупно најмалку 1.485.000 евра, а доколку Вардар ја освои титулата на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб може сумата да биде 1.705.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

За време на пожарите во Чиле, кои во првата половина од 2017 година ја опустошија половина земја, а однесоа 11 животи.

ХУМАНО СРЦЕ: Голманот на Манчестер Сити им купил куќи на четири семејства по пожарите во Чиле!

Голманот на англиски Манчестер сити, Чилеанецот Клаудио Браво покажа дека е голем...

Форбс веќе 30 години ги следи заработените пари на фудбалерите од играње и реклами, па затоа уредно ги бележи.

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Форбс ја објави најновата листа на најбогати спортисти во светот!

Форбс објави најнова листа со најбогати спортисти во светот. На првото место се најде...

Европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили вечерва се врати во Скопје. Oпштина Чаир и Боречкиот клуб „Лирија“ организираа свечен пречек за шампионот Алили.

Шампионот дојде во Скопје – голем дочек за Бесир Алили!

Македонскиот шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот Скендербег...