Во вториот дел од истражувањето ќе ја прочитате улогата на сите актери во овој криминал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 18:08

Еве кој е дел од скандалот вреден 200 милиони евра во ТЕ-ТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото лидер.мк

Во првото продолжение од истражувањето на порталот Економски Лидер за мега-скандалот во централата „ТЕ-ТО“, се открива како преку бизнис-политичко-судска шема бил направен криминал вреден вкупно 200 милиони евра, во кој оштетена е и државата.

Во вториот дел од истражувањето ќе ја прочитате улогата на сите актери во овој криминал.

Леонид Лебедев – Сопственик на „Битер-Холдинг“

Леонид Лебедев е олигарх од Русија кој според официјалните проценки тежи 1.2 милијарди долари. Во исто време, Лебедев е државјанин и на Кипар, каде што ја поседува компанијата „Битер-Холдинг“ која пак е сопственик на „Балкан Енерџи Груп“ и еден од сопствениците на централата „ТЕ-ТО“. „

„ТЕ-ТО“ е основана во партнерство со „Топлификација“ која во скандалот кој го објавивме е оштетена за огромна сума.

Во овој софистициран криминал, преку лажниот стечај на „ТЕ-ТО“. Лебедев успева од Македонија да извлече над 150 милиони евра во својата фирма на Кипар и со тоа да им наштети на акционерите на компанијата „Топлификација“ која е косопственик на централата.

Зоран Заев – Претседател на владата на РСМ

 

И покрај лажниот стечај со кој се извлекоа пари на седница на владата, премиерот Зоран Заев одлучи на „ТЕ-ТО“ да му се простат долгови кон УЈП. Со ова државниот буџет се оштети за 24 милиони евра.

Ова Заев го прави рамноправен соучесник.

Кочо Анѓушев – Заменик претседател на Владата на РСМ одговорен за економски прашања

 

Постојат индиции дека Анѓушев е еден можените иницијатори за доделување на државната помош.

Тој преку неговата компанија „ЕДС“ (која во меѓувреме ја продаде), имаше потпишано ексклузивен договор за соработка со „ТЕ-ТО“ од каде што ја откупуваше струјата.

Според одлуката за стечај на „ТЕ-ТО“, една од причините за стечајот (за кој финансиска полиција тврди дека е лажен) е тоа што цените биле крајно неповолни. Ова отвора дека тој е дел и од извлекувањето на пари од „ТЕ-ТО“.

Нина Ангеловска – Министер за финансии

 

Нина Ангеловска е надреден функционер во однос на Управата за јавни приходи, која прифаќа да се додели државна помош на ТЕ ТО АД со одложена наплата на долгот на ТЕ ТО АД.

Владимир Наумовски – Претседател на комисијата за заштита на конкуренција

 

Наумовски е човекот кој дал зелено светло за државна помош во ТЕ-ТО, односно за простување на долгот. Тој проценил дека со ова не се нарушува конкуренцијата, иако „ТЕ-ТО“ е на слободен пазар.

Одговорноста на комисијата е исклучително голема бидејќи државната помош е доделена на фирма која е учесник на пазарот на електрична енергија во државата и надвор од државата и додатно е учесник на пазарот на топлинска енергија во државата.

Сања Лукаревска – директор на управата за јавни приходи

Целиот Текст прочитајте го ТУКА…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...