По неговата дискусија Џафери повика пратениците да гласаат по што пратениците го донесоа Законот за јавното обвинителство со 80 гласови „за“ и 6 гласови „против“.

Објавил: Стојче Бушин | 17 февруари, 2020 6:50

Еве кои се петте пратеници кои не ГЛАСАА на првото гласање за законот за ЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на пладне беше изгласан Законот за Јавното обвинителство со 80 гласа ЗА, шест Против и без воздржани.

На почетокот од Седницата изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори.

Џеват Адеми, Али Ахмети, Амди Бајрам, Љиљана Поповска и Самка Ибраимовски се петте пратеници кои не гласале на првото гласање за Законот за ЈО а пратеникот Узеири – Ферати Мерал воопшто и не бил присутен во салата според официјалните податоци и официјалниот листинг од гласањето во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на изборите на 12 април, како што беше договорено нивното одржување од страна на најголемите политички партии во земјава. Џафери го потпишал решението почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април, откако претходно пратениците гласаа за распуштање на Парламентот во пресрет на предвремените парламентарни избори.

По неговата дискусија Џафери повика пратениците да гласаат по што пратениците го донесоа Законот за јавното обвинителство со 80 гласови „за“ и 6 гласови „против“.

Веднаш потоа на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“.

Претседателот Стево Пендаровски, вчера попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието.

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Меѓу потпишаните укази се и Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени; Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик; Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана; Закон за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците; Закон за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Закон за заштита на личните податоци; Закон за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило; Закон за управување со движењето на предметите во судовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.

Од утре вечер се воведува полициски час во Република Македонија!

Од утре во Република Македонија се воведува полициски час, соопшти премиерот Оливер...

Вонредна состојба се прогласува за 30 дена, а доколку не помине опасноста таа се продолжува секои наредни 30 дена од страна на претседателот на Републиката, рече Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба?

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на Социјалните мрежи објасни што...

Состојбата сега е таква што не е само епидемија во прашање, туку нешто итно, светска пандемија. Нашиот Устав предвидува како да се постапува во конкретни ситуации, но од друга страна, нуждата ги менува законите.

Вонредната состојба трае само 30 дена, треба да се размисли за враќање на Собранието

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, за Слободен печат, потенцира...

Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Запленетиот кокаин бил дел од поголемо количество дрога со потекло од Kолумбија

Кокаинот кој вчера вечерта бил откриен во селото Крушопек бил сокриен во пратка со...