Владата во предлогот го повика Собранието повторно да се состане за да прогласи вонредна состојба, но според Џафери, тоа не беше можно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 март, 2020 0:40

ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Џафери се вклучи во ЖИВО и објасни (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во линковско вклучување во вечерашното издание на ClickPlus на ТВ21, објасни што значи вонредна состојба, и што задолженија и задачи ќе има Владата, Собранието и претседателот.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на вонредното обраќање до јавноста во 18:00 часот, пред јавноста соопшти вонредна состојба на целата држава.
Од претседателската резиденција на Водно, Пендаровски прогласи вонредна состојба во Република Македонија. Тој рече дека одлуката ја донел поради сложената ситуација и со цел спречување од ширење на коронавирусот.
Пендаровски апелираше до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита. Тој упати порака до граѓаните да останат смирени во овие тешки моменти.
Одлуката e во сила 30 дена.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го препрати предлогот за воведување вонредна состојба до шефот на државата Стево Пендаровски, кој беше донесен на денешната седница на Влада. Владата во предлогот го повика Собранието повторно да се состане за да прогласи вонредна состојба, но според Џафери, тоа не беше можно.

„Од правен аспект со експертите заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере како резултат на претходната одлука за самораспуштање со што Собранието го има вратено суверенитетот кај граѓаните“, рече Џафери.

Целиот разговор на Џафери низ следното видео:

http://https://www.youtube.com/watch?v=zc0AlaSEBr0&feature=emb_title

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...