Кандидатот за премиер на Република Македнија , во Загреб, во рамките на конгресот на ЕНП оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов
Мицкоски: Разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на Македонија. Истакнав дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и e клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Посочив дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.
Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард.
Посочив дека сум за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување.
На социјалните мрежи се појаив видео каде Борисов поставува директно прашање, каков е ставот на Мицкоски во однос на договорот со Бугарија, на што Мицкоски одговори едноставно и дипломатски:
Се што е позотивно за Македонија ќе прифатиме ,рече Мицкоски.
Сепак голем дел од Медиумите оваа негова изјава ја толкуваат како потклекнување пред „братот„ Бојко
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.