Двајцата се во добра здравствена состојба, дека Јовановски минатата недела бил на Ортопедија, а на Кичеец му бил направен зафат.

Објавил: Сара Фемина | 19 август, 2019 14:13

ЕВЕ ШТО ПРАВИ БОКИ 13 ВО ШУТКА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од управата на затворот „Скопје“ велат дека однесувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец е коректно и дека немаат никакви барања.

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се во добра здравствена состојба, а од управата на затворот „Скопје“ велат дека нивното однесување е коректно и дека немаат никакви барања.

А1.он пишува дека двајцата се во добра здравствена состојба, дека Јовановски минатата недела бил на Ортопедија, а на Кичеец му бил направен зафат.

Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од притворените за случајот „Рекет“ ги демантираше информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во затвор бара помош и прима инјекции за смирување.

Српскиот портал објави дека Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија – вели Рахиќ за Канал 5.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...