И покрај тоа што огромното мнозинство европски граѓани сметаат дека вакцините се важни, 48 отсто од нив мислат дека вакцините имаат сериозни нус ефекти

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2019 11:33

Евробарометар: Половина од европските граѓани се лошо информирани за вакцините

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Последното истражување на Евробарометар открива загрижувачки трендови кај европското население во врска со вакцините.

Во половина од земјите членки ваквите мислења достигнуваат и над 50 отсто од населението, вклучувајќи ги и Франција и Италија.

И покрај тоа што огромното мнозинство европски граѓани сметаат дека вакцините се важни, 48 отсто од нив мислат дека вакцините имаат сериозни нус ефекти, а една третина веруваат дека вакцините можат да ја предизвикаат болеста против која имунизираат, покажуваат податоците на Евробарометар. И двете верувања се неточни, потсетува студијата.

Европејците исто така имаат погрешна слика за тоа кои болести можат да бидат фатални, па така младите европски граѓани меѓу 15 и 24 годишна возраст се склони кон верување дека морбили и менингитис не се смртоносни.

Овие наоди доаѓаат во време кога европскиот континент се соочува со намалена стапка на имунизација на населението и сѐ почести епидемии на болести кои можат да се спречат со редовна вакцинација.

Европската Комисија потсети дека во периодот меѓу 2016 и 2017 година, бројот на морбили е зголемен за три пати во ЕУ, и предупреди дека со намалувањето на стапката на вакцинација постои ризик повторно да се појави една од најсмртоносните болести, полио, на континентот. Сѐ помалку луѓе се вакцинираат и против грип во последните години.

Според студијата на Евробарометар, најлошо информирани за вакцините се граѓаните во Бугарија, Летонија и Кипар.

Потпретседателот на Европската Комисија, Јирки Катаинен, потсети дека вакцинацијата е „најефикасниот начин за борба против болестите”.

– Ако не сум вакциниран, другите можат од тоа да страдаат, порача Катаинен.

Европската Комисија нема надлежност за креирање политики на европско ниво во делот на вакцинациите, само да нуди препораки до земјите членки.

Едноставно немаме надлежност во овој дел, треба да се менуваат повелбите за тоа, затоа поддржуваме соработка на доброволна база, рече комесарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој на трибината се обрати и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кого посочи дека почнал кампања за Албанец премиер кога сфатил дека ќе загуби на изборите.

Заев: Ахмети не може да условува за премиер- никој повеќе нема да ја условува татковината!

На вчерашната трибина во скопската населба Гази Баба лидерот на СДСМ Зоран Заев се...

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“...

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција...

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19.

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Вакцина против вирус не се прави за една година

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета...