Ништо од разговорите во Брисел

Објавил: Македонка Димкин | 14 септември, 2023 20:28

Европа немоќна пред Курти, или само дел од концептот за Западен Балкан?

Фото/Текст извор: ©Тањуг

Србија не бега од своите обврски, ние го прифативме компромисниот предлог на Европската Унија, Албин Курти не сакаше и состанокот е завршен, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со високиот претставник на Европската Унија за надеворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Борел истакна оти за време на состанокот на лидерите на Белград и Приштина било невозможно да се решат меѓусебните несогласувања. Потенцира дека предложил компромисно решение за примена на договорот за нормализација на односите, но косовскиот премиер Албин Курти не бил подготвен за започнување на процесот за востоставување на Заедница на српски општини, туку де факто инсистирал на признавање на Косово.

Го предложивме она што го видовме како единствен компромис за мкој мислевме дека е можен во овој момент. А тоа е да се работи паралелно, да осигураме дека некој добива нешто и дава нешто. Европската Унија и пошироката меѓународна заедница, вклучувајќи ги и американските партнери, го гледаат тоа како единствен начин дека спроведувањерто би можело да функционира“, рече Борел, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Вучиќ рече дека компромисниот предлог подразбирал најпрво формирање на ЗСО, а потоа и исполнување на обврските на Србија. Но, бидејќи Курти не сакал да го прифати тоа, состанокот бил завршен.

„Разговорите завршија неуспешно. Сите имаме свои предлози, а на крајот ние, како Србија, го прифативме компромисниот предлог на ЕУ. Јасно е дека Курти избегнува да формира Заедница на српски општини. Србија не бега од свои обврски. Сега има повеќе инциденти на Косово од порано. Укажавме на тоа. Србија беше конструктивна, ќе видиме како ќе течат разговорите во иднина“, изјави Вучиќ.

Се огласи и косовскиот премиер Курти по првиот состанок на високо ниво од избивање на кризата на северот на Косово, со цел деескалација на ситуацијата, кој заврши без позитивен исход.

„Јас предложив еден секвенцијален патоказ, како да се изврши имплементација на договорот од Брисел од 27 февруари, а потоа и имплементациониот анекс од Охрид на 18 март. Ова е трет предлог од Косово, прв од мене како премиер. Јас не можам Заедницата на српски општини и нејзиното формирање, да бидат предуслов за извршување на нашиот договор. Тоа е во спротивност на овој договор“, вели Курти.

Тој нагласи оти е секогаш подготвен да дискутира за Заедницата на српски општини, но не може да преговара за нацрт статутот на ЗСО, ако претходно не биде постигнат договор за секвенцијалниот патоказ за примена на договорот.

„Јас не бегам од тој договор, но тој договор не може да биде во фокусот. Секој студент по право кој би го читал договорот од Брисел, би рекол дека тоа е де факто взаемно признавање меѓу Србија и Косово. Но, Србија сега сака некако да го негира тоа. Таа е внатре, дел е од сите претходни договори, но не може да биде предуслов  во смисла на време, ниту во центар во смисла на простор“, истакна Курти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...