„Може да се очекуваат бројни и долги периоди со температури помеѓу 30 и 40 степени Целзиусови“, рече метеорологот Тајлер Ројс од Аку Ведер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 мај, 2020 12:44

ЕВРОПА ЈА ЧЕКА ПЕКОЛНО ЛЕТО: Се закануваат големи суши и невреме, а температурата ќе се искачи над 40 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Метеоролошката служба Аку Ведер објави прогноза за претстојното лето, според која ќе биде многу топло во Европа, така што на некои делови од стариот континент им се заканува голема суша, силни невреме и шумски пожари.

„Може да се очекуваат бројни и долги периоди со температури помеѓу 30 и 40 степени Целзиусови“, рече метеорологот Тајлер Ројс од Аку Ведер.

Во Европа никаде не се очекуваат подолги периоди на врнежи, што ќе ги доведе фармерите во неповолна положба.

Ќе бидат најпогодени пченицата, пченка, сончоглед и шеќерна репка, предвидуваат метеоролозите.

Сепак, можни се периоди со посилни врнежи, но не се очекува да траат подолго.

„Може да се очекуваат бројни и долги периоди со температури помеѓу 30 и 40 степени Целзиусови“, рече метеорологот Тајлер Ројс од Аку Ведер.

Пролетта во Шпанија и Португалија беше обележана со натпросечно количество на врнежи за овој период од годината, но затоа летото ќе биде целосно или претежно суво.
Растот на вегетацијата во текот на пролетта и долгите периоди на топлина ќе создаде основа за појава на големи и деструктивни пожари во оваа област “, предупредуваат метеоролозите.

Различни бури се можни во областите од северот на Франција до северот на Полска.
Централна и северна Франција, Германија и Данска се наоѓаат на границата на жешката и сувата зона на југот и ладните воздушни фронтови кои пристигнуваат од северот.

Овие области се загрозени од силно невреме проследено со град, разорни ветрови, поројни поплави, па дури и торнада, предупредува Аку Ведер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Токму ова е поради значително постудениот воздух кој од северните предели на Европа се спушта кон нашата држава, врнежи од снег на планините освен кај нас има и во регионот, односно во соседна Србија и Босна!

СЕ ВРАТИ СНЕГОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Заврна снег на Пелистер(ФОТО)

Вистинска зима на крајот на мај. Вчера снежна покривка го обеле Пелистер, објави метео-...